АЛКАЛОИД меѓу предводниците на одржливиот развој

„Ќе живееме со сегашните проблеми, но нашите размислувања мора да одат подалеку. ’Алкалоид’ не е само за денес и утре, туку за многу генерации што доаѓаат по нас“. Оваа изјава, дадена од Трајче Мукаетов во јануари 1986 година, ја отсликува визијата за одговорно управување, заедништво и за долгорочно создавање вредности, принципи што денес се препознаваат како суштински елементи на ESG-концептот.

Hero Slide
Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија.


Hero Slide
Британскиот Aмбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид““
Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација.
Hero Slide
Висока делегација на САД во работна посета на „Алкалоид“
Како дел од пошироката регионална агенда на Владата на САД, насочена кон поттикнување на инвестициите и кон стратешко поврзување на американскиот капитал со водечките компании од Западен Балкан, висока делегација составена од претставници на Владата на САД, партнерски организации и од институции оствари работна посета на „Алкалоид“ АД во Скопје.
Hero Slide
„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб‑порталот „Вработување.ком“.


Hero Slide

ПОДАТОЦИ ЗА АКЦИИТЕ


АЛК
arrow

Податоци за акциите

Цена *

24,625.33

Промена *

-1%

Извор: mse.mk *10 минути задоцнување на резултатите

ВЕСТИ


Rezultati od rabotenjeto_jan-mart 2026_MK_02.webp

АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – март 2026 година

Прочитај повеќе

АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – декември 2025 година

Прочитај повеќе

Стратешко ширење на Бекутан на европскиот пазар: македонскиот бренд достапен и во „Лидл“ Летонија и во „Лидл“ Литванија

Прочитај повеќе

„БЕКУТАН“ детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба и глобална визија отсега достапна и во „ЛИДЛ“, Франција

Прочитај повеќе

Производи

ФАРМАЦИЈА

Луѓето градат високо - за да можат да гледаат подалеку.
Луѓето градат заедно - за да можат да бидат поблиски.
Луѓето градат цврсто - за да можат да се чувствуваат. побезбедно. Ние градиме за луѓето да имаат подобро здравје бидејќи ... ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ !

СЛЕДЕТЕ НÈ

Научноистражувачката дејност и контролата на квалитетот отсекогаш биле меѓу клучните определби во развојот на „Алкалоид“. Со растот на производството и со проширувањето на асортиманот се развивале аналитичко-контролни лаборатории во кои работеле фармацевти, техничари, технолози, биолози и лекари, поставувајќи ги темелите на систематскиот пристап спрема истражувањето и контролата. Во 1966 година овој капацитет се заокружува со формирањето на Институтот за истражување, како носител на севкупната развојно-технолошка програма во компанијата. Нова развојна етапа е отворена во 2009 година со пуштањето во употреба на современ, високософистициран технолошко-аналитички капацитет, кој ги зацврстува заложбите за врвен квалитет, безбедност и ефикасност. Оттогаш Институтот се развива во современа мрежа на научнотехнолошки капацитети со напредни аналитички технологии и со високо дигитализирани истражувачки системи, кои обезбедуваат прецизност, сигурност и континуиран напредок, дополнително зајакнати со отворањето на новиот центар за контрола на квалитет во 2016 година и со воспоставувањето нова микробиолошка лабораторија во рамките на Контрола на квалитет во 2025 година. Девет децении подоцна неговиот развој зборува за непоколебливата посветеност на науката – да се следи времето, да се предводи напредокот и да се обликува иднината. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

...

Посетете нè
Летото пристигна, а некои денови едноставно бараат нешто ладно и освежително. Чајот од ѓумбир на Good Nature го содржи својот препознатлив вкус во секоја шолја. А кога ви е потребно вистинско освежување, пригответе го, оставете го да се излади, додадете коцки мраз и неколку капки лимон и обичниот ден станува мал ритуал на уживање. Со Good Nature секоја голтка е момент за вас. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

...

Посетете нè
Нашата посветеност на одржливоста и имплементацијата на ESG-стандардите е клучен двигател на развојот и долгорочната стратегија на АЛКАЛОИД. Преку системски пристап и одговорно управување, континуирано го унапредуваме начинот на кој создаваме вредност. Од „COMMITTED“ EcoVadis Sustainability Rating Badge во јануари 2024 година до „BRONZE | TOP 35%“ EcoVadis Sustainability Rating Medal во јуни 2025 година – ова значајно признание е јасна потврда за напредокот што го постигнуваме. Продолжуваме понатаму, цврсто посветени на постојано надградување на добрите практики во областите на животната средина, општествената одговорност и корпоративното управување, со јасна цел — да создадеме одржлива и долгорочна вредност за сите засегнати страни. Кликнете на линкот за да видите повеќе детали и информации за методологијата за нашето признание EcoVadis bit.ly/445delu. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

...

Посетете нè
Замислете го совршениот тен – топол, длабок, златно-бронзен. Токму таков ефект создава путерот Black Up за интензивно потемнување. Богатата кремаста текстура збогатена со масло од орев, β-каротен, кокосово масло, какао-путер и со витамин Е ја храни кожата додека го поттикнува природниот процес на потемнување. Резултатот е интензивен бронзен тон со суптилен, заводлив сјај благодарение на фините златести честички. Создаден за кожа со природно потемен тен за оние кои самоуверено уживаат во секој миг под сонцето. Производот не овозможува заштита од УВА- и УВБ-зраците. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

...

Посетете нè

Страница специјално развиена за здравствени професионалци

Посетете не и пронајдете интересни и корисни содржини, збогатете ги своите знаења, и дознајте како понудените информации и алатки можат да ви помогнат во вашата секојдневна грижа за пациентите.