ДРУГИ ВЕСТИ
ВИДЕО ГАЛЕРИЈА
Обраќање на Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје
Новогодишно обраќање до вработените на компанијата од страна на Генералниот директор/Претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов.
New Year’s Address to the company employees from CEO/MB President, Zhivko Mukaetov.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Производство – Билка
Во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид“ ја реализиравме третата посета, овојпат во Производство – Билка.
Нашите мали истражувачи, децата на вработените, ги посетија производствените простори и се запознаа со магијата на чаевите! Заедно со родителите, тие ја искусија авантурата на производствениот процес – од свежи билки до омилените чаеви.
Облечени како вистински мали билкари, децата создаваа свои билни мешавини, пакуваа чаеви и учеа преку игра. Набљудувајќи го светот на науката и технологијата се поттикнаа нивната креативност и љубопитност.
„Алкалоид“ продолжува да ги одржува мостовите на блискост јакнејќи ја доверба со вработените и негувајќи ја корпоративната култура на грижа и посветеност на семејните вредности.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Институт за истражување и развој
Магијата на науката и истражувањето низ детските очи!
При четвртата посета од проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“, децата на вработените го посетија Институтот за истражување и развој и низ интерактивна и анимирана прошетка се запознаа со магичниот свет на фармацевтските иновации. Нивната љубопитност, насмевките и прашањата беа вистинска инспирација за нашите вработени!
Во „Алкалоид“ грижата за вработените и нивните семејства е дел од корпоративната ДНК.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Производство Фармација
Ја реализиравме и петтата посета од проектот „Децата на вработените го истражуваат Алкалоид“, пречекувајќи нова група ентузијастични млади посетители желни да го истражат фасцинантниот свет на фармацевтското производство.
Децата на вработените имаа уникатна можност да ги разгледаат производствените сали и да се запознаат со процесите на производство и пакување на фармацевтските производи. Под будното око на нашиот стручен тим, тие изведуваа контролни мерења, мешаа препарати во стаклени садови, лепеа етикети и редеа кутии – како вистински мали научници и лаборанти.
По инспиративниот едукативен дел, кој ја разбуди нивната имагинација и научна љубопитност, посетата продолжи на отворено, каде ги дочекаа катчињата за игра, цртање, спорт и освежување. Смеејќи се и дружејќи се, дечињата создадоа нови пријателства и незаборавни спомени.
Преку овој проект, „Алкалоид“ активно ги негува семејните вредности и ја одржува корпоративната традиција на грижа за своите вработени.
...
СЛЕДЕТЕ НÉ
Научноистражувачката дејност и контролата на квалитетот отсекогаш биле меѓу клучните определби во развојот на „Алкалоид“.
Со растот на производството и со проширувањето на асортиманот се развивале аналитичко-контролни лаборатории во кои работеле фармацевти, техничари, технолози, биолози и лекари, поставувајќи ги темелите на систематскиот пристап спрема истражувањето и контролата.
Во 1966 година овој капацитет се заокружува со формирањето на Институтот за истражување, како носител на севкупната развојно-технолошка програма во компанијата.
Нова развојна етапа е отворена во 2009 година со пуштањето во употреба на современ, високософистициран технолошко-аналитички капацитет, кој ги зацврстува заложбите за врвен квалитет, безбедност и ефикасност.
Оттогаш Институтот се развива во современа мрежа на научнотехнолошки капацитети со напредни аналитички технологии и со високо дигитализирани истражувачки системи, кои обезбедуваат прецизност, сигурност и континуиран напредок, дополнително зајакнати со отворањето на новиот центар за контрола на квалитет во 2016 година и со воспоставувањето нова микробиолошка лабораторија во рамките на Контрола на квалитет во 2025 година.
Девет децении подоцна неговиот развој зборува за непоколебливата посветеност на науката – да се следи времето, да се предводи напредокот и да се обликува иднината.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
Летото пристигна, а некои денови едноставно бараат нешто ладно и освежително.
Чајот од ѓумбир на Good Nature го содржи својот препознатлив вкус во секоја шолја. А кога ви е потребно вистинско освежување, пригответе го, оставете го да се излади, додадете коцки мраз и неколку капки лимон и обичниот ден станува мал ритуал на уживање.
Со Good Nature секоја голтка е момент за вас.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
Нашата посветеност на одржливоста и имплементацијата на ESG-стандардите е клучен двигател на развојот и долгорочната стратегија на АЛКАЛОИД. Преку системски пристап и одговорно управување, континуирано го унапредуваме начинот на кој создаваме вредност.
Од „COMMITTED“ EcoVadis Sustainability Rating Badge во јануари 2024 година до „BRONZE | TOP 35%“ EcoVadis Sustainability Rating Medal во јуни 2025 година – ова значајно признание е јасна потврда за напредокот што го постигнуваме.
Продолжуваме понатаму, цврсто посветени на постојано надградување на добрите практики во областите на животната средина, општествената одговорност и корпоративното управување, со јасна цел — да создадеме одржлива и долгорочна вредност за сите засегнати страни.
Кликнете на линкот за да видите повеќе детали и информации за методологијата за нашето признание EcoVadis bit.ly/445delu.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
...
Замислете го совршениот тен – топол, длабок, златно-бронзен. Токму таков ефект создава путерот Black Up за интензивно потемнување.
Богатата кремаста текстура збогатена со масло од орев, β-каротен, кокосово масло, какао-путер и со витамин Е ја храни кожата додека го поттикнува природниот процес на потемнување.
Резултатот е интензивен бронзен тон со суптилен, заводлив сјај благодарение на фините златести честички.
Создаден за кожа со природно потемен тен за оние кои самоуверено уживаат во секој миг под сонцето.
Производот не овозможува заштита од УВА- и УВБ-зраците.

Кликнете на линкот во био за да видите повеќе детали и информации за методологијата за нашето признание EcoVadis.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
...
Замислете го совршениот тен – топол, длабок, златно-бронзен. Токму таков ефект создава путерот Black Up за интензивно потемнување.
Богатата кремаста текстура збогатена со масло од орев, β-каротен, кокосово масло, какао-путер и со витамин Е ја храни кожата додека го поттикнува природниот процес на потемнување.
Резултатот е интензивен бронзен тон со суптилен, заводлив сјај благодарение на фините златести честички.
Создаден за кожа со природно потемен тен за оние кои самоуверено уживаат во секој миг под сонцето.
Производот не овозможува заштита од УВА- и УВБ-зраците.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
![[object Object]](/_next/image?url=%2F_next%2Fstatic%2Fmedia%2Fmk-logo.ad91bde9.jpg&w=640&q=75)